НАЈНОВО: Министерот Венко Филипче објави соопштение со најважните информации за коpoнавиpycoт во Македонија како клучни од денешната прес-конференција
НАЈНОВО: Министерот Венко Филипче објави соопштение со најважните информации за коpoнавиpycoт во Македонија како клучни од денешната прес-конференција
Се отвораат понудите за респираторни машини и почнува постапката за набавка на три илјади реагенси за лабораторијата на ИЈЗ;
Објавена е листата на донатори. Собрани се близу 60 милиони денари и сите средства ќе бидат употребени за набавка на материјали за третманот на пациентите заболени;
На инфективната клиника се примени 5 нови пациенти, вкупниот број изнесува 68. Со потешка клиничка слика се 20 пациенти, а 7 се во критична состојба – приклучени на респираторна машина. Примени се мајка и четиримесечно бебе од Кочани, кои во овој момент имаат стабилна клиничка слика.
Кај четворица од пациентите кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести се чека и вториот контролен тест. Доколку повторно е негативен ќе бидат пуштени дома;
Во Градската општа болница „8 Септември“ хоспитализирани се 25 пациенти. Пет од нив се во тешка состојба и тие се наоѓаат во делот за интензивно лекување приклучени на респираторна машина.
Во Битола 4 пациенти се на болничко лекување – во сосем стабилна состојба. На еден пациент му е потребна кислородна поддршка, а целосно се следат и пациентите кои се на домашно лекување.
Двајца пациенти од Штип кои беа на домашно лекување се негативизирани на вирусот во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Штип четворица пациенти се на болнички третман – во моментов во стабилна состојба.
Регистрирани се 46 нови случаи позитивни.
Притвореник во затворот во Шутка ја загуби битката од срцев удар – немал симптоми и немал висока температура, примен бил на 8 март минатиот месец. Меѓутоа, на обукцијата после земениот брис тој е позитивен на вирусот и сега во овој момент се прават епидемиолошки анкети на сите кои биле во близок контакт, по што ќе се превземат соодветни мерки.

Домот за стари лица во Битола примен е еден штитеник на 18.03, а една недела подоцна префрлен на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола поради зголемена температура. Во следните денови била добиена потврда дека брисот е позитивен.
Земени се брисеви на сите во останатите соби, на дел од персоналот кои биле во контакт – дадени се препораки за темелно чистење, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ја испита целата постапка.
Превземено од thenewzupdate.com

Comments
Post a Comment