Филипче: За нашите животи да се вратат во нормала ќе биде потребно…

(ВИДЕО) Филипче: За нашите животи да се вратат во нормала ќе биде потребно…


За нашите животи да се вратат во нормала со истиот интензитет ќе биде потребен период на адаптација, за да спречиме втор пик во процесот на олабавување на рестриктивните мерки.

„Се подготвуваме и за периодот, тогаш кога ќе дојде согласно бројот на новодијагностицирани пациенти за кои, искрено се надевам, согласно предвидувањата некаде на крајот на април да го достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала, целокупниот работен процес.
Сакам да упатам една јасна порака дека нема да може така лесно целокупниот работен процес, но и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го имаме предвид искуството на некои други земји и предвидувања дека секогаш постои ризик и за втор пик, врв на дијагностицирани пациенти.
Во таа насока следната недела почнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори на кои од наша страна, од страна на Комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, на производствените капацитети, на рестораните како треба нивниот процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни и ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала.
Сето тоа ќе се работи во овој период додека траат мерките, за кои искрено веруваме дека ќе стават крај на патот на ширење на вирусот“, рече министерот Филипче.


Comments